Тешко повредена велосипедистка на булеварот „Србија“

0
135

Повредена велосипедиска во Скопје. Имено, со тешки повреди се здобила 70-годишна жена откако била удрена со автомобил вчера на булеварот „Србија“ во општина Аеродром.

Полицијата соопшти дека во моментот на несреќата повредената В.С. управувала со велосипед, а во неа удрил автомобил „Фиат панда“ управуван од лицето А.Ј.(36) од Скопје.

Велосипедиската веднаш била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, соопшти полицијата.