Ги нема новите скопски базени, и понатаму ќе се плива во ветувањата на градоначалниците

0
163

Скопје нема доволно базени. Ама има многу ветувања дека ќе добие нови. Инаку, двата затворени, какви што се олимпискиот базен „Центар“ и во комплексот „Борис Трајковски“, отворените во населба Аеродром, во Расадник и по неколку хотелско-ресторански комплекси воопшто не ги задоволуваат потребите на граѓаните. Каде да тренираат талентите? Каде да се рекреираат скопјани во врелото лето?

– Ќерка ми тренираше пливање и, за жал, иако имаше врвно време во делфин не можеше да продолжи. Тогаш фати периодот кога градот комплетно ги затвори базените и не можеше да тренира. Едно ќе кажам, подобар спорт за развој на едно дете од пливањето нема. Посебно е одличен за деца со пречки во развој, деца со одредени здравствени проблеми, како и со проблеми во развој на скелетот. Тоа е спорт кој релаксира, и кој естетски телото го доведува до совршенство и во денешно време е повеќе од потребен. Но, нема кој да не слушне, се жали граѓанката Викторија Стефкова.

Прочитајте повеќе на порталот www.skopskoeho.mk/