Кој е виновен што има зголемена агресивност кон полицијата?

0
191

Полицајците се почесто стануваат мета на агресивци. Често читаме во билтенот на МВР за инциденти во кои насилник нападнал полициски службеник.

Но, негативната појава се размавна, па минатава недела имаше неколку напади во само еден ден. Имено, на подрачјето на Скопје се случија дури четири агресивни однесувања и наведувања кон полицајци од страна на неколкумина граѓани. Во Кондово тоа го правел 24-годишник Ј.Д., во село Бањани 40-годишниот Т.В., а на улиците „Пиринска“ и „Мите Богоевски“ лицата Д.В. и Д.Н. Заради ваквото однесување сите тие се приведени во полициските станици и ќе добијат соодветни пријави.

Причитајте повеке на www.skopskoeho.mk