Три лица фатени со дрога

0
168

Три лица вчера биле уапсени бидејќи при претрес полицијата им пронашла дрога. Имено, едниот бил лоциран на улицата ‘’Горно Лисиче’’ во Скопје, а бил упасен околу 00.10 часот. Се работи за 21-годишниот А.Н. од село Теарце, тетовско, кој бил фатен со марихуана.

Истиот ден, во 01.15 часот на улица ‘’Женевска’’ во Скопје полицијата го уапсила и 23-годишниот Б.П. од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Марихуана била пронајдена и на Водно каде полицијата го привела 28-годишниот Д.И. од Скопје.

По документирање на случаите против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, а според законските правила им се заканува и казна затвор.