Докторка на Кожно се заразила од корона вирусот, 5 дена одела на работа

0
148

Нов, четврти, случај на заболен од корона вирусот е забележан во Македонија. Како што посочи министерот Венко Филипче, заболена е директорката на Клиниката за кожни болести.

Докторката веќе е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести.

-Таа престојувала во Италија и откако се вратила пет дена одела на работа. Нејзината состојба е стабила и таа има лесна клиничка форма. Среќа во целата ситуација е тоа што не била во амбуланта и не била во контакт со многу пациенти, објасни Филипче.

Министерот објасни дека е можно денеска одделот каде што работела докторката да биде целосно затворен. Според проценка на епидемиолозите можно е дури и сите вработени и пациенти да се испратат во домашна изолација, а сите прегледи ќе бидат насочени кон други јавни здравствени установи.

Тој додаде дека директорката очигледно не ги почитувала препораките на надлежните за автоизолација по враќањето од Италија.

-Разочаран сум многу од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник. Препораките не се почитуваат дури ниу од нив, потенцира Министерот.