На исти ли возачи пајакот им врзува шамар?

0
75

Нови 287 казни заради непрописното паркирање се изречени на подрачјето на скопската општина Центар во текот на изминатава недела.

-Во периодот од 02.03. до 08.03.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 152 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 135 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението на ЈП Паркинзи општина Центар.

Ова бројка е во рамките на просекот на санкционирани сопственици на возилата кој е забележан и во изминативе недели. Тоа значи дека дел од граѓаните тешко се откажува од навиките своите возила да ги оставата на недозволени места за да одбегнат плаќање на паркинг.

Со оглед на фактот дека илјадници возила се веќе кренати од пајакот изминатиот период во Центар, останува дилемата дали едни те исти се „жртвите“ или има нови кои не знаат дека пајакот е неуморен.