Реал падна на „Бенито Вилјамарин“

0
112

Реал Мадрид по победата во „Ел Класико“ повторно ги разочараа своите навивали. Избраниците на Зинедин Зидан во неделата запишаа пораз на гостувањето кај Бетис 2:1 и челната позиција повторно им ја препуштија на колегите од Барселона.

Бетис ја заслужија победата бидејќи ги искористија сите слабости и грешки во играта на Реал.

Сиднеи го отвори резултатот во 40 минута, а истиот играч во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел направи прекршок за најстрога казна врз Марсело.

Бензема погоди за 1:1. За францускиот ас ова беше првиот гол по пауза од два месеци.

Во вториот дел двата тима имаа по две големи шанси да го сменат резултатот меѓутоа мрежите на Куртоа и Роблес мируваа.

Во 92 минута лошо додавање од Бензема кон Рамос, Гвадрдао го проигра Тељо, а поранешниот играч на Барселона рутински го совлада Куртоа.

Реал сега на табелата има 56 бода, два помалку од Барселона, додека Бетис со 33 бода се наоѓа на десеттото место.