Италијанскиот премиер ја прекина Серија А!

0
99

Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека сите спортски натпреварувања, вклучувајќи ја и Серија А е „суспендирани“ поради корона вирусот барем до 3 април.

Одлуката доаѓа по уште еден наплив на позитивни случаи на корона вирусот, од кои досега се заразени над 7.985 луѓе, од кои дури 463 починаа. Ако се вклучат и тие кои оздравеле, вкупниот број на случаи е 9.172. Конте објави дека досегашната „црвена зона“ на ограничување која беше поставена за Ломбардија и северните региони сега се однесува на целата земја.

„Веќе немаме време, бројките ни кажуваат дека има значителен раст во заразата. Нашите навики мора да се сменат, мораме да се жртвуваме за нешто добро за цела Италија и затоа мора да се обврземе на построги мерки. Ќе го потпишам новиот декрет кој може да се опише со фразата: ’Останувам дома’. Веќе нема црвени зони, има само Италија која е заштитена. Мораме да го ограничиме патувањето доколку не е неопходно и да ги забраниме сите масовни собирања. Спортските настани исто така мораат да се ограничат. Серија А и другите натпреварувања се суспендирани и фановите мора да го прифатат тоа. Нема причина овие натпреварувања да продолжат“, вели Конте.

Останува да се види како ова ќе влијае на мечевите од Лигата на шампионите и Лига Европа, и дали играњето без публика ќе биде доволно. Наполи и Аталанта се во Лигата на шампионите – Аталанта денеска патува за Валенсија, додека Рома и Интер играат со шпански противници во Лига Европа.