СДСМ: За само една година стапката на невработеност падна на рекордни 16,6 отсто

0
78

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во последното тромесечје на 2019 стапката на невработеност изнесува 16,6 отсто што е за 3,2 процентни поени пониска во споредба со последното тромесечје од 2018 година, велат од СДСМ.

Споредено во проценти, појаснуваат од владејачката партија, стапката на невработеност за една година во периодот 2018-2019 паднала за 3,2 проценти поени.

„Бројните мерки за поддршка на приватниот сектор преку самовработување, субвенционирање при вработување, помошта за домашните комапнии даваат реални резултати. Потврда за тоа е и фактот што за 2,5 години, од почетокот на мандатот на СДСМ, вработени се над 67.000 лица, доминатно во реалниот сектор. Ова е потврда дека економијата е стабилизирана и е поставена на цврсти и реални основи“, истакнуваат од СДСМ преку соопштение.

Со формалното членство во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ, додава партијата, дополнително ќе се интензивира економскиот раст што ќе значи уште поголем пад на невработеноста.

СДСМ најавува дека нивната цел е до крајот на следниот мандат стапката на невработеност да изнесува под 8 отсто.