Сепак можело: Денеска ќе биде сменета директорката на Клиника за дерматологија

0
137

Директорката на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска, која пет дена одела на работа иако била во кризно подрачје на Италија каде била заразена со корона вирусот, денеска ќе биде разрешена од функцијата. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека е утврдено дека не постојат правни пречки за смената.

-Разговарав со претседателката на Антикорпуциската комисија која ми укажа дека кога има итност, постои ваква можност. Ние тоа ќе го направиме веќе денеска и ќе се назначи в.д. директор, бидејќи и покрај тоа што нема работен процес на Клиниката за дерматологија, сепак има административни работи – рече Филипче.

Вчера министерот рече дека заради тоа што трае изборниот процес не е можно да се изврши смената, но дека тоа ќе биде направено веднаш по изборите.