Швајцарски „гриер“ прогласен на најдоброто сирење на светот

0
40

„Гриер“ од Швајцарија е прогласено за најдоброто сирење за оваа година на светскиот натпревар за најдобар квалитет на сирења, путер и јогурт во Висконсин. На натпреварот учествувале 26 земји, а за титулата се натпреварувале над 3500 млечни производи.

За произведувачот на победничкото сирење, Михаел Шпихер од млекарата “Mountain Dairy Fritzenhaus” од Берн, ова е втора победа на овој натпревар, по онаа во 2008 година. Второто место му припадна на уште едно сирење од Швајцарија: тврдо сирење од кравјо млеко “Галус гранд”.

На самиот врв се најдоа три сирења од Висконсин, димена гауда со ким, грогонзола и чедар.

Сирењата ги дегустирале 55 судии кои во текот на натпреварот оценувале уште 132 категории на млечни производи.

Судиите се професионални оценувачи на сирења, произведувачи како и купувачи, професори по технологија на млечни производи и научни истражувачи од 19 земји од светот и од 14 американски сојузни држави.