„Визер“ ги суспендира сите летови кон Италија

0
120

„Визер“ објави дека од денеска, 10 март, ги суспендира сите свои рути до Италија, како резултат на одлуката за рестриктивни мерки на италијанскиот премиер, со цел да ја контролира појавата на коронавирус во земјата.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електрoнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за самокористење.

Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучително и преку туристички агенции преку iнтернет – треба да стапат во контакт со компанијата каде ги купиле своите билети, соопштија од авиокомпанијата.