Два нови случаи со корона вирус во Македонија

0
116

Два нови случаи на заболени од коронавирус. Вкупно 9 пациенти се хоспитализирани на  клиниката за инфективни болести. Во текот на денот беа тестирани уште десет лица, тие се негативни но ќе бидат во домашна изолација.

На седница на Влада се доутрврдени мерките за превенција од ширење на коронавирусот   кои се однесуваат на сите државни и приватни правни субјекти. За непочитување граѓаните можат да пријават и ќе следат санкции согласно кривичниот законик.

Од мерките се изземаат здравствените работници, припадниците на полицијата, армијата, противпожарните единици,царина, домовите за стари и малите групни домови, но не и за двајцата родители доколку ги вршат овие професии.  На лекарите им се забранува користење на платени и не платени отсуства во овој период. 

За да не се злоупотреби користењето на отсуство, вработените кои ќе се грижат за децата до 10 години треба да достават потврда но и да не ги носат на места каде има голема група на луѓе. Вработените во јавниот сектор пак треба да потпишат изјава доколку се јави потреба од нив, да работат од дома или да се дојдат на работа два до три часа.  Засилени се контролите на граничните премини, а ќе се дезинфицираат сите училишта и градинки. МВР ќе казнува за ширење на дезинформации. Владата утре ќе одржи состанок со регионалниот претставник на СЗО за да се информира како да постапи по прогласената пандемија во светски рамки.