Царовска со повик до компаниите: Ако имате можност организирајте ја својата работа од дома

0
84

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, на средба со претставници на стопанските комори информира дека е во постојана комуникацијата со претставниците на бизнис-секторот во земјата и веќе е разговарано за реорганизација на производствените процеси и воведување нови смени доколку е потребно.

„Компаниите што имаат потреба да ја реорганизираат својата работа во смени, тоа да го направат за да нема застој во работењето, а работниците што имаат деца до 10 години да соработуваат во реорганизацијата. Исто така, ги повикуваме компаниите што имаат можност да ја организираат својата работа од дома и со тоа да го спречат ширењето на коронавирусот“, рече Царовска.

Премиерот Оливер Спасовски на средбата посочи дека потребно е сите заеднички да ги почитуваме мерките што ги преземаме бидејќи очигледно е, според искуствата на други земји, дека онаму каде што се преземени радикални чекори, има и позитивни резултати за справување со кризата во економијата.