Одложено и финалето од Копа дел реј

0
99

Финалето на Кралскиот шпански куп помеѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао е одложено поради корона вирусот, потврди Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

Мечот требаше да се игра на 18 април во Севилја, но сега е преместено на крајот на мај поради пандемијата на вирусот, кој направи целосен хаос во светскиот спорт. Оваа одлука доаѓа откако следните две кола од Ла лига ќе се играат без публика поради КОВИД-19, а синдикатот на фудбалери побара целосно откажување.

УЕФА во средата потврди дека мечевите од Лига Европа меѓу Севилја и Рома и меѓу Интер и Хетафе нема да се одиграат поради истата причина, додека во Италија е суспендиран цел спорт до 3 април, а Премиер лигата откажа вечерниот меч меѓу Манчестер сити и Арсенал.