Србија затвори повеќе гранични премини со БиХ и Хрватска

0
116

Србија денес затвори повеќе гранични премини со Босна и Херцеговина, што е една од мерките што ги презема за да се спречи ширењето на коронавирусот. Мерката се применува од изутринава од 7 часот.

Граничната полиција на БиХ соопшти дека биле известени за мерките на соседите и дека се работи за премините Бадовинци – Попови, Јамена – Доње Црњелово, граничните премини Мокронози и Царево Поље, граничниот премин Зворник, железничката станица Брасина во внатрешна Србија и граничниот премин Скелани – Бајина Башта.

Република Србија, исто така, затвори неколку гранични премини и со Хрватска. Затворени се ГП Батина-Бездан, железничкиот мост „Ердут-Богојево“ и преминот Апатин.