Во Италија тројца лекари починале од коронавирус, само во Бергамо има 50 заразени

0
136

Во италијанската покраина Бергамо 50 лекари се заразени со коронавирус, а еден од нив починал, соопшти претседателот на Италијанската федерација на здравствените работници, Филипо Анџели.

Тој во писмото испратено до премиерот Џузепе Конте навел дека тројца лекари починале во Италија од избувнувањето на епидемијата, објави агенцијата „Анса“.

Анџели побарал од премиерот да донесе соодветни решенија за да спречи пациентите да имаат слободен и неконтролиран пристап до клиниките и болниците, со што ќе се запре ширењето на вирусот во медицинските установи.