Апел до македонските државјани кои се во земјите со висок ризик да го одложат доаѓањето дома

0
112

Македонските државјани кои живеат во земјите со висок и среден ризик од корона вирусот да го одложат доаѓањето во Македонија во овој период. Ова е апел кој го упати Министерството за здравство.

Истовремено, поради состојбата со корона вирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, воведена е забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.

Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават  потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.