Одложени реваншите во ЛШ и ЛЕ

0
55

Сите натпревари во европските купови планирани за наредната недела се одложени, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Тоа значи дека нема да се играат реванш натпреварите во Лигата на шампионите на 17 и 18 март и осмина-финалните реванши закажани за 19 март.

Логична последица на оваа одлука е дека се одложени и четврт-финалните натпревари во двете натпреварувања. Четврт-финалната ждрепка планирана за 20 март е одложена.

УЕФА најави дека во вторник ќе одижи видео-конференција со сите 55 земји-членки на која ќе се решава за наредните чекори.