ВМРО-ДПМНЕ во водство во ИЕ 3, ГДУ на Петар Колев е изненадувањето

0
686

До Државната изборна комисија до синоќа на полноќ кандидатски листи доставиле 15 коалиции и партии, најмногу од нив имаат доставено кандидатски листи за сите шест изборни единици, додека неколку и за гласањето во дијаспората.

Во третата изборна единица носители на изборните листи од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат генералните секретари Игор Јанушев и Љупчо Николовски. Покрај овие две партии, повеќе политички субјекти ќе излезат со свои изборни листи во сите изборни единици, вклучително и во ИЕ 3.

Теренска анкета на Барометар спроведена во ИЕ 3 на 1200 испитаници од 1 до 10 март 2020 г. покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е во водство односно има 48 % од испитаниците кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 39 %. Она што е многу впечатливо и што претставува изненадување се резултатите за ГДУ кои освоиле 9,2 % од испитаниците што преведено во пратенички мандати значи 2 пратеници во македонското собрание.

Прв на листата на ГДУ во ИЕ 3 е претседателот на ГДУ Петар Колев, а веднаш по него се наоѓа познатиот штипски адвокат Марјан Михов.