Во Италија за последниве 24 часа починале 250 заболени од коронавирус

0
70

Во последните 24 часа во Италија починале 250 заболени од коронавирус, јавуваат медиумите. Евидентирани се 2.116 нови случаи. Вкупно позитивни се 14.955 лица, објавија медиумите.

„Социјална дистанца е клучот на спречувањето на ширењето на заразата. Наредните недели ќе бидат клучни и сѐ ќе зависи од однесувањето на секој поединец“, изјави специјалниот комесар, Анџело Борели.