Во Мирковци тешко повредено дете на велосипед

0
117

На крстосницата од улиците Александар Урдаревски и 9 во селото Мирковци, во попладневните часови на 12 март комбе „мерцедес“, управувано од 57-годишник од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.