Албанија ги затвора границите со соседните држави

0
87

Премиерот на Албанија, Еди Рама, најави дека копнената граница на Албанија ќе биде целосно затворена поради коронавирусот, освен за транспорт на стока.

„Од утре, недела 15 март од полноќ, забранет е влез во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција за сите патници кои патуваат со автобус, комбе или автомобил. Земјишната граница на Албанија ќе остане отворена само за транспорт на стоки“, напиша Рама на социјалните медиуми.

Албанскиот премиер вели дека мерката не е воведена поради страв, туку станува збор за претпазливост.