Бројот на заразени во Австрија се искачи на 655 лица

0
73

Бројот на заразени со коронавирус во Австрија попладнево се искачи на 655 лица.

Откако утрово бројот на заразени за првпат надмина 600 лица, сега е зголемен со над 50 нови потврдени случаи.

Досега надлежните органи спровеле 7.467 тестирања.

Заега најмногу заразени има во покраината Тирол (206), а потоа следува Горна Австрија со 116 потврдени случаи.

За првпат од избувнувањето на епидемијата, на крајот на февруари, во Виена има повеќе од 100 заболени, поточно 101.