Цела романска влада и премиерот во карантин

0
83

Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави денеска дека тој и целата влада ќе се стават во карантин откако биле во контакт со сенатор кај кој подоцна бил утврден коронавирус.

Лидерот на либералната партија Орбан рече дека сенаторот присуствувал на состанок на високи партиски функционери во понеделникот, пред да биде тестиран.

Орбан додаде дека тој и неговиот 17-член кабинет и сите сенатори од Либералната партија ќе се повлечат во карантин и ќе се тестираат.

„Сите членови на владата ќе ја исполнат својата обврска и ќе ги преземат сите мерки за борба против коронавирусот, без оглед дали е потврден вирусот или не“, рече Орбан пред новинарите.

Тој ги повика и новинарите што известуваат од неговите конференции исто така да се тестираат.

Карантинот може да ја продлабочи политичката криза што почна кога владата на Орбан беше ставена на гласање за недоверба, кое го свика најголемата опозициска партија минатиот месец.