Гранати од Првата светска војна вчера биле пронајдени во Скопје и Крушево

0
87

Гранати од Првата светска војна, вчера биле пронајдени во селата Р`жаничино, скопско, и Бучин, крушевско, јавуваат од полицијата.

Во Скопје двете гранати биле пронајдени при ископ на нива, а во крушевско, при копање во двор.

Полицијата извршила увид на двете локации, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатите се безбедно подигнати.