Група на младинци синоќа се забавувала на Водно, но наминала полицијата

0
108

Група на младинци натерана синоќа да си замине од падините на Водно. Ова го соопшти денеска полицијата која постапила како што стои во препораките на Владата за заштита од корона вирусот.

– По препораките на Владата за преземање на мерки за расчистување на поголеми групи на луѓе јавни простори, како една од мерките за справување со корона вирусот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно. Уште еднаш апелираме до младите да ги почитуваат мерките на Владата, потенцираат од МВР.

Не е соопштено дали полицијата имало потреба да реагира и на други места низ Скопје.