Помина времето за апели и препораки за „шегаџиите“

0
116

Зарем има се уште некој кој ситуацијата со корона вирусот ја смета за шега? Предупредувањето полно со незадоволство кое вчера го упати министерот за здравство Венко Филипче заради непочитување на мерките против корона вирусот не смее да остане без ефект.

Треба сериозно преиспитување дали е прикладно однесувањето кога туристичка агенција сака да однесе патници надвор од земјата, кога по верски објекти се одржуваат масовни молитви, кога дел од кафулињата, игротеките и детските игралишта и натаму се полни и покрај барањето да нема јавни собири. Очигледно, некои уште не сфаќаат колкави се опасностите од ширењето на вирусот и какви се, уште потешки, последици тоа може да донесе.

Во таква ситуација надлежните мора да посегнат и по казните. Помина доволен период за апели и препораки. Тие што мислат дека сето ова е шега, мора да наидат на сериозност од институциите.

Инаку, вчера во Грција биле уапсени пет лица во три различни случаи на непочитување на мерките за борба со корона вирусот.