Уште шест лица позитивни на коронавирус, вкупно 18

0
181

Шест нови лица се позитивни од коронавирус, со што се дијагностицирани вкупно 18 пациенти во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференцијата информира дека денеска биле тестирани 12 лица. Од нив шест се позитивни – петмина од Дебар и една пациентка што стигнала од Шпанија.

„Пациентка стигнала со авион на „Визер“ од Барселона, патувала со заштитна маска и ракавици. Се јавила веднаш сама на пунктот на излез од аеродромот. Изолирана е и однесена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби“, рече министерот.

За сите 51 патник од авионот е дадено решение за здравствен надзор, односно домашна самоизолација.

Филипче кажа дека петмината новозаболени се во болницата во Дебар, каде има кадар кој може да ги лекува овие пациенти.