Во Италија заразени се 21.157 лица, починаа 1.441

0
91

Во Италија досега од коронавирусот починаа 1.441 луѓе, од кои 175 само во последните 24 часа.

Тоа е намалување од вчера, кога во рок од 24 часа починаа 250 луѓе.

Бројот на заразени лица се искачи на 21.157, соопштија италијанските власти.