Во Косово потврден трет случај на коронавирус

0
66
Foto

Косово потврди трет случај на заразен со коронавирус.

Како што информираа властите, станува збор за роднина на пациентка од Стубл, кај Витина, за која вчера беше потврдено присуството на коронавирусот.

Пациентите се сместени на Клиниката за инфективни болести во Приштина.

Според директорот на Националниот институт за јавно здравје, Насер Рамадани, во Инфективната болница во Приштина вчера биле прегледани 45 лица поради сомнеж дека имаат коронавирус, а вкупниот број на тестирани е повеќе од 140.

Се очекува подоцна денеска да бидат објавени резултатите од тестовите на уште 90 лица за кои се претпоставува дека се носители на вирусот.