Кина: Во карантин сите патници од авиони од меѓународни летови

0
133

Кина ја прошири контролата за меѓународните патници на аеродромот во Пекинг и најави дека ќе ги стави во карантин 14 дена сите патници кои пристигнуваат со меѓународни летови, почнувајќи од понеделник.

Кина извести за 20 нови случаи на коронавирус, што е за 11 повеќе споредбено со еден ден претходно.

Од тие 20 случаи, 16 биле странски државјани, меѓу кои патници од Шпанија, Италија и Тајланд.