Независната пратеничка група предлага отворање донаторска сметка, функционерите да дадат по најмалку 3.000 денари

0
160

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предлага отворање донаторска сметка за помош во справувањето со коронавирусот, a функционерите да дадат по најмалку 3.000 денари.

„Апелираме до министерот Венко Филипче, да иницира да се отвори донаторска сметка, од која средствата ќе се наменат за помош каде што ќе се процени дека е потребно од кризниот штаб. За поголем успех во таа акција предлагаме сите вршители на функции да одвојат по минимум 3.000 денари и да ги донираат, иако се надеваме дека ќе бидат и повеќе, секој поединец којшто сака да биде дел да донира колку што му се можностите и да ѝ помогнеме на нашата држава во борбата“, се наведува во соопштенито.

Пратениците додаваат дека посебно се обраќаат до фирмите и компаниите кои не се погодени од оваа ситуација.

„Очекуваме брз одговор и нашите мисли се со граѓаните и им порачуваме да ги следат сите препораки за превенција и да бидеме смирени и одговорни“, велат од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ