СДСМ најавува пораст на лимитот на „МојДДВ“ на 2.300 денари по лице

0
109

Лимитот на МојДДВ ќе порасне на 2.300 денари по лице, во новиот мандат на СДСМ. Ова утрово го најави владејачката партија преку соопштение.

„Преку проектот МојДДВ кај граѓаните се вратени околу 8,5 милиони евра. Но, ние можеме уште повеќе и уште подобро. Овој успешен проект го продолжуваме и во новиот мандат и ќе го зголемиме лимитот по поединец на 2.300 денари за едно тромесечие или секој одделно ќе може да напраи поврат на ДДВ во износ од 9.200 денари годишно, односно износ од 36.800 денари за просечно четиричлено семејство“, велат од СДСМ.

Од патијата додаваат и дека до 2023 година, персоналниот данок во ИТ индустријата ќе го намалат до 0% и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023.

Данокот на добивка останува на ниво од 10 отсто во целиот период 20-24 година, велат од СДСМ, но, како што нагласуваат, остануваат доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот.

„Ќе направиме реконфигурација на ДДВ преку воведување на единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги, намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, подигнување на прагот за плаќање ДДВ од два милиона на три милиони денари годишен промет од 1 јануари 2022 година и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до три милиони денари годишен промет“, додава владејачката партија