Седуммината тестирани се негативни на коронавирус

0
119
Фото

Министерството за здравство информира дека резултатите на седуммината пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку Центарот за јавно здравје – Штип.

Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот.