ЕБОР: Можно е брзо враќaње во нормала на економијата за разлика од кризата во 2008

0
75

Бидејќи ситуацијата рапидно се менува, очигледно е дека е многу тешко да се даде конечен заклучок околу краткорочните и долгорочните економски влијанија од моменталните настани со коронавирусот, велат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Од таму велат дека веќе јасно е дека ќе има непосредно влијание врз економското работење во регионите каде ЕБОР има свои активности, но за разлика од финансиската криза во 2008 година, според проценки на банката, можно е брзо враќaње во нормала, откако ќе помине кризата.

ЕБОР минатата недела оддели една милијарда евра итна помош, во форма на ,,Солидарен пакет” за мерките кои ќе им помогнат на компаниите во регионите каде Банката има активности, да се справат со последиците од пандемијата на коронавирусот.

„Ова е иницијален одговор на кризата и Банката е подготвена да направи повеќе доколку и кога ќе биде потребно“, соопштија од ЕБОР.