Емил Јакимовски осуден на една година и осум месеци затвор

0
140

Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, е осуден на една година и осум месеци затвор за загрозување на сигурноста кон неговата поранешна сопруга и за заканите упатени кон новинарката Мери Јордановска.

Пресудата денеска беше изречена во скопскиот Кривичен суд од страна на судијката Џенета Бегтовиќ. Обвинителството предложи, а судот прифати тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Јакимовски ќе треба да лежи во психијатриската установа во Бардовци, додека лекарите не утврдат дека е во подобра здравствена состојба пред тој да биде вратен во затвор. Вештакот Александар Марцикиќ утврдил дека за Јакимовски е потребно задолжително лекување бидејќи може да го повтори делото, со оглед на тоа што страда од псхичко нарушување.

Јакимовски беше уапсен на 17 јануари, по пријавите за навреди и закани кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровошевска.

Тој беше пријавуван дека се заканувал и на директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, а закани упатуваше и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Речиси сите рочишта од овој судски спор беа затворени за јавноста бидејќи се изнесуваа информации кои се од приватниот домен на животот на обвинетиот и оштетените.