Гувернерот на Ломбардија: Се јавуваат првите знаци на стивнување на епидемијата

0
151

Регионот Ломбардија во Северна Италија кој е најтешко погоден од коронавирусот, ги покажува првите знаци на забавување на ширењето на инфекцијата, изјави денеска гувернерот на областа Атилио Фонтана.

Во ова многу густо населено подрачје, во кое се наоѓа и финансискиот главен град Милано, досега, 1.218 луѓе починаа од вирусот, а бројот на заразени во цела Италија достигна бројка од 24.747.

Дури 205 од 368 лица што починаа за само еден ден, од сабота до недела, се од Ломбардија. Тоа е најголем број луѓе умрени од коронавирус во еден ден во светот, вклучувајќи ја и Кина.

Но, гувернерот на Ломбардија верува дека постои причина да се биде оптимист затоа што податоците покажуваат дека вирусот се шири побавно отколку што тоа беше случај пред неколку дена.

„Зголемувањето на бројот на нови случаи не е толку драматично како што беше пред два-три дена. Да се ​​надеваме дека ова е пресвртнца. Ова го велам на половина глас, но мислам дека би можело да биде почеток на движење по надолна траекторија”, рече Фонтана за Радио 1.

Тој верува дека ограничувањето за движењето на луѓето, воведено на 8 март, треба да даде резултати.