Хорор статистики од Италија: За еден ден 349 мртви и 3.233 новозаразени со коронавирус

0
174

Според најновите податоци, вкупниот број на заразени во Италија е 27.980 а се излечиле 2.749 луѓе.

Италија бележи нов голем пораст на бројот на новозаразени од коронавирусот во последните 24 часа, а не опаѓа ниту бројот на умрени.

Според најновите податоци, вкупниот број на заразени во Италија е 27.950 а се излечиле 2.749 луѓе.

Во последните 24 часа умреле 349 луѓе, што е раст од 19,3 %.

На интензивна нега се 1.851 лице.