ИОЦ: Нема шанси да има Олимпијада без гледачи

0
94

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) ја отфрлa можноста Олимписките игри во Токио ова лето да се оддржат без присуство на гледачи бидејќи тоа е во целосна спротивност кон вредностите на олимпиското движење кое треба да ги зближува луѓето во прославата на спортот.

Речиси сите спортски активности на планетата се паузирани поради корона вирусот, но ИОЦ и организациониот комитет на Токио постојано тврдат дека нема откажување на Олимпијадата во јули. ИОЦ верува дека во моментов не е потребно да се избрзува со одлуки, бидејќи до Игрите има уште четири месеци.

„Тоа би било спротивно на сите наши вредности. Олимпијадата не е само низа натпреварувања, туку е собир на сите заедно во прославата на спортот. Олимписки Игри без публика не се опција“, вели извор на ИОЦ за „Гардијан“.

Речиси 60 отсто од спортистите веќе се квалификуваа за Игрите, но претстојат голем број на квалификациски турнири во низа спортови кои се одложуваат или откажуваат. Јапонија потроши над 12 милијарди долари на Олимпијадата, а доколку се случи откажување ќе се има дополнителна милијарда долари загуба од продадените билети