Кризниот штаб ги разгледа предлозите и мерките за коронавирусот

0
75

Главниот координативен кризен штаб, со кој претседаваше претседателот на Владата, Оливер Спасовски, ја одржа првата седница.

На состанокот беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување, кои доаѓаат од целата територија на државата и особено од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосната координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата, која на вечерашната седница ќе одлучува по нив.

На состанокот присуствуваа заменичката претседателка во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменич-претседателката во Владата задолжена за економските ресори, Мила Царовска, заменик-претседателот во Владата и министер за политички систем и односи со заедниците, Садула Дураку, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, и дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министерот за здравство, Венко Филипче, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерката за правда, Рената Дескоска, директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски.