Крузерите на кои има заразени со коронавирус никој не сака да ги прими во своето пристаниште

0
70

Неколку крузери се заглавени на отворено море или на пристаништата во светот кога се откриени случаи на коронавирус или се сомнева на зараза, пренесува хрватски „Индекс“.

Трансатлантскиот крузер MS Braemar со повеќе од 600 патници и најмалку 5 потврдени случаи на зараза со коронавирус очајно бара да најде место за закотвување кога беше одбиен од неколку пристаништа на Карибите.

Според Си-ен-ен, дваесет патници и дваесет други членови на екипажот, вклучувајќи и еден лекар, се во изолација по појавата на симптоми на зараза.

Канадски турист е позитивен на коронавирусот на крузерот Silver Shadow, кој е закотвен во Бразил. На крстосувачот има 609 патници и сите се во изолација од четвртокот.

Крузерот Silver Explorer, кој е закотвен во Чиле, има и еден сопатник со вирус на корона. Крузерот има 111 патници и 120 члена на екипажот и сите се во изолација.

Иако нема потврдени случаи на инфекција на крстосувачот Golden Princess, закотвен во Нов Зеланд, тројца патници се ставени во карантин. Еден од нив покажува симптоми на вирусот. На другите патници сè уште не им е дозволено да се истоварат од крузерот.

Крузерот Norwegian Jewel во моментот е на Пацификот и бара пристаниште во кое ќе вплови. Ниту една држава не сака да го прими иако, според официјалните бројки, нема случаи на инфекција.