Рекордно намалување – горивата ќе поевтинат 6 и 7,5 денари

0
96

Бензините и горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат 6, односно 7,5 денари, соопшти Регулторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините се намалуваат 7,5 денари и ќе изнесуваат: 54,5 денари за „евросупер БС-95“, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 56,5 денари.

Дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 6 денари, на 48,5 денари за литар и 37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 6,961 денари и ќе изнесува 21,934 денар за килограм.

„Во овие шеснаесет години откога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, денешната одлука носи рекорден пад на цените на нафтените деривати. Коронавирусот ги урна берзите и се одрази со силен ефект, кој е поголем дури и од оној од есента 2008 година кога имаше нафтена криза. Сакам да потенцирам дека малопродажните цени на горивата се на најниско ниво во нашата држава во споредба со сите други земји во регионот. Ова е уште една потврда дека РКЕ има методологија која е ориентирана кон интересот на крајните потрошувачи водејќи сметка и за елементите што влегуваат во структурата на малопродажната цена на нафтените деривати“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Тој рече дека нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради коронавирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас.