Уставниот суд го одобри законот, Путин може да владее уште 16 години

0
69

Уставниот суд во Русија одобри закон за уставни амандмани кои ќе му овозможат на рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години.

Остана само уште законот да биде одобрен на национален референдум, кој е закажан за 22 април.

Одобрувањето од судот дојде само два дена откако Путин го потпиша законот. Според сегашниот закон, Путин не би можел да се кандидира за претседател во 2024 година, поради ограничувањето на мандатот, но новата мерка би го „ресетирала“ мандатот, овозможувајќи му да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

Путин се наоѓа на власт од 2000 година. Уставните измени исто така ги забрануваат истополовите бракови и ја нагласуваат „вербата во Бога“, како една од руските традиционални вредности.