Во САД почнува тест на вакцина против коронавирусот

0
89

Клиничко тестирање за вакцина наменета за заштита од новиот коронавирус ќе започне денес, објави Асошиејтед Прес (АП), повикувајќи се на неименуван владин претставник на САД.

Првиот учесник во испитувањето, финансирано од Националниот институт за здравство кое се одвива во Институтот за здравствени истражувања во Сиетл, Вашингтон, денеска ќе прими експериментална вакцина, објави АП.

Потребен е период од една година до 18 месеци за да се потврди дејството на каква било потенцијална вакцина, додава АП, повикувајќи се на извори од здравството