Во Шпанија уште 1.000 заболени за 24 часа, армијата го регулира растојанието меѓу луѓето на аеродромот

0
67

Шпанија пријави речиси 1.000 нови инфекции на коронавирусот во последните 24 часа, со што вкупниот број случаи е 8.744, откри шпанското Министерство за здравство.

Во истиот период бројот на смртни случаи се зголеми на девет, на 297, изјави координаторот за вонредни состојби во Министерството, Фернандо Симон, а Мадрид останува најтешко погодениот регион со 4.665 случаи.

За да го спречи вирусот, Шпанија прогласи состојба на подготвеност, ги затвори сите служби, освен основните услуги, и му нареди на населението – 46 милиони луѓе – да остане дома.

Припадниците на шпанската воена единица за вонредни состојби (ОМЕ) се распоредени во сообраќајните центри, како Јужен Тенерифе и аеродромот „Малага“, како дел од операцијата која обезбедува дека луѓето се држат на безбедно растојание едни од други.