Пендаровски со правни експерти ќе бара законски начин за одложување на изборите

0
94

Во кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, се одржа лидерска средба, на која претседателите и претставниците нa најголемите политички партии во земјата се согласија предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, поради состојбата со коронавирусот, да се одложат.

Присутните го овластија претседателот Пендаровски веднаш да свика состанок со истакнати правни експерти за да се изнајде правен модалитет за одложување на изборите.

На оваа средба, закажана за 16 часот во Вилата „Водно“, ќе присуствуваат професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.