Кичевка со туѓи документи зела 11 брзи кредити

0
136

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.И.Н.(41) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба и измама при добивање кредит или друга погодност.

Во периодот од 28.11.2017 до 31.10.2018 пријавената од работното биро на Д.Т.(41) во фабрика во Кичево во 11 наврати противправно ги присвоила личната карта и дебитната картичка издадена од банка на име Д.Т., а податоците од личната карта ги искористила лажно претставувајќи се во име на Д.Т. за склучување на 11 договори за потрошувачки кредит со различни финансиски друштва, а потоа одобрените 11 брзи кредити, во вкупен износ од 186.028 денари, во 11 наврати, со картичката на која бил залепен пин-кодот, ги подигнала преку банкомат.