Нови четири случаи на коронавирус во земјата, сите од Скопје

0
173

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12 часот – е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

Лицата што беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

Повеќе информации на прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче, закажана за 15 часот во Владата.