Парично ќе бидат казнети седум лица – потпишале изјава за самоизолација, но не седеле дома

0
80

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за казнен налог за седум лица, сите од Кавадарци, кои не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија.

Тие во земјава дошле од различни држави, а при влез, на 16 март, потпишале изјави за самоизолација. Сепак, при проверка од полициските службеници не биле затекнати во нивните домови во кои требало задолжително да ја спроведуваат мерката.

Обвинителството предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, односно 1.000 евра.

Со одлуката е определено спроведување задолжителна самоизолација за секој државјанин на Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високоризични или средноризични земји утврдени со листата на Светската здравствена организација на денот на кој влегува во државата.